Remote Services
Remote Services

CAT® REMOTE SERVICES

ПРОЦЕС НА СОФТВЕРСКО АЖУРИРАЊЕ ЗА ИЗБРАНА ТЕЛЕМАТИКА НА PRODUCT LINK™ И СОФТВЕР ЗА КОНТРОЛЕН МОДУЛ НА ОПРЕМАТА (ECM) НА CAT®

Како ваши деловни партнери, Caterpillar и вашиот Cat® дилер се посветени на тоа да ви обезбедат одлична понуда на технологија и врвна услуга. Овој документ ги опишува нашите практики за управување со далечинските софтверски ажурирања за телематика на Product Link™ и ECM-софтверот на Cat. 

Далечинските софтверски ажурирања им носат вредност на корисниците на Caterpillar преку:

  • намалување на потребата за патување за физички пристап до опремата
  • намалување на трошоците за услуги за поддршка што им се потребни на клиентите од нивните Cat дилери
  • зголемување на активноста поради побрзото решавање на проблемите
  • обезбедување подобри, посигурни податоци за поефикасна подготовка на поддршка, подобрувања на перформансите на софтверот и на средствата и многу други работи.

Во зависност од вашите избрани производи, конфигурација и услуги, Далечинските услуги на Cat може да ви го овозможат следниов пакет можности за далечинско сервисирање на вашата опрема Cat:

Целни далечински услуги

  • Далечинско ажурирање флеш софтвер: овоможува софтверско ажурирање на ECM и на телематичките уреди на опремата без посета на терен.

  • Далечинско решавање проблеми – читање (дијагностика):  воспоставување далечинска врска до опремата и извршување одредени задачи за Caterpillar Electronic Technician (Cat ET) на далечина. Овозможува поглед во податоците на опремата во речиси реално време со цел одредување дали постои проблем и ги нуди неопходните информации за да се испратат соодветните техничари, делови и алатки. Со оваа функција може да се генерира извештај за статусот на производот (PSR).

  • Далечинско решавање проблеми – пишување (конфигурациски промени):   му овозможува на корисникот да врши тестови и да менува параметри на ECM-софтвери и/или телематички уреди, да брише кодови или да вклучува/исклучува функции активирани на софтверот, со што потенцијално се избегнува посета на терен.

Други механизми за ажурирање за телематика – во текот на годината Caterpillar ажурира одредени неконтролни ECM-уреди за да се подобри квалитетот на податоците, да се избегне застарување на софтверот, да се овозможат нови функции и да се вметнат конфигурациите побарани од страна на корисниците, со цел да добиете максимум од вашето решение за поврзаност.

Како може да добивам софтверски ажурирања или поддршка за далечинско решавање проблеми?

Ги почитуваме вашите избори да управувате со далечински услуги. 

Како основен принцип, Caterpillar ги користи своите добронамерни напори за да ви обезбеди известувања за ажурирањето во што е можно пократок разумен рок. Известувањето може да се обезбеди преку различни средства, во зависност од тоа што е соодветно за ажурирањето, вклучувајќи преку е-пошта, преку вашиот дилер или мобилна или веб-апликација. Секако, нашата способност да ве известуваме зависи од тоа дали сме ги добиле вашите најнови информации за контакт.

Процесот на комуникација околу ажурирањата вообичаено зависи од видот на софтверска инсталација што се извршува, како што е опишано подолу:

Ажурирања на неконтролни системи (телематика): Caterpillar/дилерот ќе ги користи своите добронамерни напори за однапред да ви обезбеди известување и да ви даде можност да изберете да не го овозможите тоа ажурирање, доколку од која било причина не сакате да го добиете. Ваквите рутински ажурирања вклучуваат поправки на грешки и мали ажурирања, подобрувања на функциите и на перформансите. Caterpillar исто така ажурира одредени неконтролни ECM-уреди во текот на годината за да се подобри квалитетот на податоците, да се избегне застарување на софтверот, да се овозможат нови функции и да се вметнат конфигурациите побарани од страна на корисниците, со цел да добиете максимум од вашето решение за поврзаност. За промените што би предизвикале клиентот да претрпи дополнителни трошоци или би вовеле собирање лични информации преку телематика, Caterpillar/дилерот однапред ќе побара согласност од корисникот. Доколку некое ажурирање се смета за разумно неопходно за подобрување на безбедноста или безбедното работење на машината или системот, може да се случи да ве известиме по завршувањето на ажурирањето.

Ажурирања на контролни системи: Во случаи кога влијанието на софтверското ажурирање вклучува контролен систем ECM, ажурирањето ќе се инсталира дури откако вие или вашиот сервисен техничар (кој може да биде техничар на дилерот или дел од персоналот за поддршка на Caterpillar) прво ќе го активирате ажурирањето со помош на одобрена мобилна или веб-апликација или други средства наменети за осигурање на вашата согласност за ажурирањето и проверување дали производот е во безбедна состојба за да го обработи. Телематиката може да се ажурира заедно со ECM-уредот/уредите на опремата. Пред секоја далечинска услуга на дилерот/Caterpillar се бара согласност на корисникот во тој миг. Главно ажурирање може да вклучува некоја од долунаведените околности:

  • инсталирање нов софтвер или софтверско ажурирање на контролен ECM-уред (мотор, трансмисија итн.).

Ако сакате да се осигурате никогаш да не може да се врши далечинско инсталирање софтвер на контролни ECM-уреди, изберете ги далечинските услуги во рамки на формуларот за дигитално овластување и заедно со вашиот дилер поставете список на исклучување според серискиот број.

Решавање проблеми/дијагностика: Сесиите за решавање проблеми се активираат за поддршка при проблеми на корисниците на терен. Може да собираме и да внесуваме податоци за поддршка на дијагнозата и решавањето на вашиот проблем. Пред секоја далечинска услуга на дилерот/Caterpillar се бара согласност на корисникот во тој миг. Примерите вклучуваат, но не се ограничени на:

  • овозможување функција или софтверски овозможен прилог
  • далечинско менување параметар на конфигурацијата на контролен ECM-уред
  • запис на податоци.

Принципи за податоците за производи поврзани со Caterpillar и изјава за управување со податоците

Многу од нашите дигитални технологии и услуги, вклучувајќи ги и далечинските услуги на Cat, се потпираат на поврзаноста на производите и податоците и безжичниот пристап што се овозможени како резултат на поврзување. Дополнителни информации за нашите практики за собирање и управување со податоци за поврзаните производи се достапни во Глобалната изјава за приватност на податоците на Caterpillar, сите известувања за приватност применливи на вашите претплати на дигитални понуди, и во Изјавата за управување со податоци на Caterpillar. Пристапете до овие документи за да дознаете повеќе за тоа какви информации собираме, како ги собираме и ги користиме, како и за други практики, вклучително и нивните односи со далечинските услуги.

Cat Financial

Доколку имате договор со Cat Financial, проверете го за да видите дали имате некакви обврски што се поврзани со темата на овој документ за постапката и кои би можеле да влијаат врз вашиот избор.

Локални услуги

Оваа политика не се применува во случаи кога клиентот или техничарот на дилерот бара ажурирање од страна на Caterpillar или користи локални сервисни алатки како Cat ET при рутинското одржување и сервисирање на опремата.

Како да дознаам повеќе?

Контактирајте со нас преку е-пошта на CatDigitalSupport@cat.com или разговарајте со вашиот Cat дилер за да дознаете повеќе за далечинските услуги, вклучувајќи ги придобивките од нив, како функционираат и дали се достапни ажурирања за вашата телематика на Product Link и вашиот софтвер за ECM на Cat.